УЛОГАТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД АЛКОХОЛОТ

Пред да почнам активно да се занимавам со алкохолизмот – помагање на луѓето полесно да го најдат патот за излез од алкохолниот пекол, мислев дека најголем непријател и најштетна болест е глупоста, бидејки… од злобните луѓе не штитат пријателите и државата, но… никој не не штити од глупаците! За нив мислев дека се најголеми непријатели, но откако на сите релевантни чинители, кои на политичките митинзи се колант дека среќата на луѓето им е најважна, им испратив доволно материјал во кој им укажав, во кој правец треба да ги насочат нивните мисли и, да помогнат со дела, на кои им се обратив во име на 300.000 луѓе, кои секојдневно ги трпат страшните последици од алкохолното зло, сфатив и немам никаква дилема: со нивната статичност и рамнодушното набљудување на страдањата на луѓето, дека тие нанесуваат многу поголема штета од глупаците!

       Најголемата причина за ова масовно лудило, што сé повеќе и повеќе го уништува животот и живеењето на луѓето е алкохолот! Како тоа да се надмине? Потребна е револуција на свеста! Треба да собереме храброст искрено да го осудиме алкохолното зло и, гласно да кажеме – ДОСТА Е! Да се избориме за подобро утре, да им понудиме поздрава и посреќна иднина на нашите деца, бидејќи… ако ги прифатиме последиците предизвикани од алкохолот за нормални – сé ќе остане исто! Секогаш, кога ќе најдеме и најмало оправдување, кога ќе покажеме разбирање за катастрофалната, болна состојба предизвикана од алкохолното зло денес, ја смалуваме и загрозуваме шансата за поздраво утре! Заради подобро утре, да не бегаме од така очигледна реалност, предавајќи се на мислата дека ние сме немоќни, бидејќи сме само капка вода во океанот! Ајде да направиме таа чиста капка да се пренесе на друга капка и, да бидеме упорни додека капките не се претворат во голем бран, кој ќе ги зафати сите луѓе! Сегашните генерации имаат можност да почнат со јавно изнесување на вистината за страшните последици предизвикани од алкохолот! Промените на свеста кај луѓето треба да почнат сега и веднаш! Секој човек, кој што има какви било проблеми предизвикани од алкохолот – за себе или за член од семејството, како и секој оној, кој сака да им помага на луѓето околу себе да ги надминат последиците предизвикани од алкохолот, нека ги прочита моите книги. Алкохолизмот е болест како и секоја друга болест и, само со правилен пристап кон проблемите, тие најлесно можат да се надминат. За сите прашалници во врска со последиците од алкохолот, кои се во вашата глава одговори ќе најдете во оваа книга и, можете да сметате на мојата помош!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *