АЛКОХОЛИЗМОТ – БОЛЕСТ НАД СИТЕ БОЛЕСТИ

%

Во мојата фантазија, една по една, се јавуваат сликите на моето бедно минато. Јасно се потсетувам каков бев тогаш. Во тие моменти ме плиснува полнотата на животот и ме исполнува тага до болка. Разликата меѓу мене, каков што бев некогаш и каков што сум сега, е огромна. Некогаш од сите страни бев обвиен со пајажиња на глупавиот, пуст, бесцелен, ништожен живот, од кој не гледав излез, па дури, може слободно да се каже, во голема мера тогаш и не сакав да излезам од таа бедна состојба. Денес сум радосен, бодар, слободен човек полн со енергија и пред мене се отвораат бесконечни можности. Дури сега сфаќам дека одвратноста што порано ја чувствував према луѓето, всушност беше прикриена одвратност кон самиот себе. Чудно е и тоа што во ова чувство на отворено признавање на своите глупости има нешто што боли, а од друга страна, во исто време, предизвикува најголема радост и смирување на духот.

При разговорот со несреќната госпоѓа, кога и кажав дека сакам да пишувам за последиците од алкохолната болест, таа го даде овој коментар: “Се радувам што пијаниците ги сметате за болни луѓе, што алкохолизмот го нарекувате болест. Од свое лично искуство ќе ви кажам дека алкохолизмот не е обична болест, тоа е болест над сите болести, болест што нанесува многу поголема болка и од самата смрт. Се надевам дека ќе имате успех во вашите намери да им помагате на луѓето да го победат ова најстрашно зло за целото човештво. Немојте да се разочарувате ако секогаш не успеете. Во Светото Писмо пишува дека да спасите само една душа е исто како да сте го спасиле целиот свет. Во борбата помеѓу доброто и злото лежи смислата на животот и во надежта дека доброто, на крајот, сепак ќе победи. Злото може да се победи само со добрина, или народски кажано, ќе го сфатиме тоа што можеби отсекогаш сме го знаеле: злото може да се победи само со искрена љубов. Нас не не казнува Бог, ние самите се казнуваме. Бидејќи се откажал од употребата на сила против луѓето, во случаите кога ние ја одбиваме Неговата помош, Бог не може ништо друго, туку тажно да набљудува како самите себе се казнуваме. Исус е најголемиот дар од небото за човекот, Он несебично ќе ни се понуди себе си и сета своја мудрост, но ќе биде наш најголем дар само ако го прифатиме. Сепак, во борбата со злото христијанската доктрина нуди решение: Бог во својата слабост ќе го победи злото. Оние кои се во пеколот, таму се по сопствен избор. Навистина, тие од него би можеле едноставно да излезат кога што ќе посакаат, но поради алкохолната болест нивните мерила на вредностите се такви, да патот за излез од пеколот им изгледа страшно опасен, застрашувачки болно делува на нив и затоа го сметаат за незамисливо тежок. И, затоа остануваат во пеколот, бидејќи им се чини дека таму е полесно и побезбедно, на карјот на краиштата, заблудени од алкохолот, сметаат дека таму повеќе им се допаѓа.”

%

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *