ДА ГО ОТВОРИМЕ СРЦЕТО

Говорат: треба да се спасува душата. Да се спасува може само тоа што може да пропадне. Душата не може да пропадне затоа што таа единствено постои. Не е потребно да се спасува душата, туку треба да ја прочистиме од тоа што ја помрачува, што ја погани. Душата треба да се просветли, за да може Бог се повеќе да проаѓа низ неа.     Толстој

За алкохоличарот да успее во неговата борба со алкохолната болест, покрај универзалните правила кои важат за сите алкохоличари, треба да донесе и некои негови правила кои ќе мисли дека ќе му помогнат да успее да го победи алкохолот.

Особина на речиси секој алкохоличар е во почетокот, за да го оправда своето однесување, да се залажува себе си, а потоа ги лаже сите околу него. Таа состојба што побрзо треба да се надмине. Секој човек има некоја тајна што ја носи длабоко во срцето, за која никогаш во животот не зборувал. Одамна поминати работи, срамота, авантури, болка во срцето или рана во душата. Многу доблесно е, ако си погрешил, особено ако во пијана состојба таа грешка била бесрамна и им нанела болка на луѓето околу тебе, да признаеш отворено иако тоа никој од тебе не го бара. Тоа е најлесниот пат да се ослободите од грижата на совеста. На тој начин ќе го победите гревот и ќе бидете чисти и проѕирни, бидејќи ќе станете прозорец низ кој морате да го гледате светот.

Алкохоличарот треба искрено да го отвори срцето пред терапевтот, треба да побара помош за се што мисли дека го измачува. Има безброј мотиви (ретко или речиси никогаш реални и оправдани) кои човекот го наведуваат да посегне по чашата со алкохол и кои го носат во алкохолниот пекол. Кога ќе ги осознаат мотивите кои алкохоличарот ги измислува за да ја оправда својата глупост и кои го туркаат во пеколот, искуството и доблестите од терапевтите, посебно нивната спремност да му помогнат на секого и во секое време, се единствениот спас од неподносливата состојба која постојано го измачува алкохоличарот, а во која стигнал исклучиво по своја вина.

Терапевтите се многу искусни. Иако тоа вие нема да го забележите, тие веднаш ќе знаат дали ја кажувате вистината или не. Не заборавајте – каде што има искреност, има можност за сочувство и помош. Побарајте помош и ќе ја добиете. Немојте да се плашите дека ќе станете заробеник на вашата тајна. За вашата тајна покрај вас, знае и Бог, а ОН радосно ќе стои покрај вас во моментите на простувањето, било кон самиот себе, било на другите кон вас. Впрочем, на простувањето се темели и опстанокот на целото човештво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *