МУДРОСТИ – БОЛЕСТ

– Позади радоста и смеата може да се крие груб, лош и неосетлив човек, но позади болката секогаш стои само болка.     Вилд

– Човекот во несреќата поднесува само една болка – болката на другите.     Лериш

– Да сакаш да го избегнеш неизбежното, значи да ја зголемиш својата болка.      Чуан Це

– Кој пелин пиел, не знае што е сладост.

Кој никогаш не бил тажен, не знае што е радост.               Ј.Ј.Змај

– И невините болката ги тера да лажат.       Публиј Сир

– Ако те снајде каква било болка, застани мирно и прашај ја што сака од тебе.    Гибел

– Turpe spectaculum habet animus aeger. – Болната душа дава жалосна слика.     Сенека

– “Dolor est medicina doloris” – Болката е лек за болката.     Като

– Воздишката болката ја оддава, но не не ослободува од неа.     Публиј Сир

– Лошо се грижи за себе болниот, кој својот лекар го одредува за наследник.     П.Сир

– Во болеста, на лекарот му се ветува небески свод.     Латинска поговорка

– Една шугава овца, може да го зарази целото стадо.     Латинска поговорка

– Во телесната болка најмачно е тоа што е нетелесно, односно нашата нетрпеливост и нашето предубедување дека болката вечно ќе трае.     Жан Пол

– Колку малку фантазија имаме за болката што им ја нанесуваме на другите.     Ниче

– Само сродната болка ќе ни измами солза, а секако, секој плаче заради себе.     Хајне

– Луѓето што трпат болка, мислат дека никогаш доволно не сочувствуваме во нивната болка.     Алфред де Мисе

– Ние сме створени за болка. Солзите за срцето се тоа што е водата за рибите.   Флобер

– Болеста, како и љубовта, доаѓаат и си одат кога што сакаат.     Јасмина Пулјо

– Болеста е судбина на сиромасите, но и казна за богатите.     Иво Андриќ

– Болката што отклонува друга болка е како лек.     Публиј Сир

– Каде што боли, таму е и прстот.     Латинска поговорка

– Човечката душа самата се навредува ако дозволи да ја совладаат насладата или болеста.     Марко Аурелие

– Болката го поттикнува човекот да мисли; размислувањето го прави човекот помудар; мудроста го прави животот поднослив.     Патрик

– Од нова болка старата болка ќе помини.      Шекспир

– Изрази ја својата болка со зборови! Болката која не говори го загушува срцето додека не пукне.     Шекспир

– Големите болки бараат големи души. Само големите души трпат големи болки.     Божидар Кнежевиќ

– Расположен човек и со добра волја, болеста го одбегнува.     Лао Це

– Болеста не доаѓа наеднаш, како од ведро небо, туку тоа е последица на долга низа мали, незабележливи грешки против здравјето, кои се надоврзуваат една на друга и растат како грутка снег што се тркала, додека еден ден не падне на главата од грешникот.     Хипократ

– Болниот човек знае многу работи, за кои здравиот и не сонува.     Арне Гарборг

– Од стотина болести, педест се настанати по наша грешка, другите од незнаење.      Паоло Мантегаца

– Болката има своја снага која не поправа, таа не прави подобри, помолосрдни, таа не осветува и не уверува дека нашиот живот е должност, а не забава.     Чезаре Канти

– Болката за изгубените работи многу е поголема, отколку што тие навистина вредат.     Настасиевиќ                                                               

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *