МУДРОСТИ – МАЖ ЖЕНА

– Жените се попаметни од мажите, бидејќи знаат помалку, а разбираат повеќе. Стивенс

– Ниедна жена со задоволство не ја носи износената облека од својата соперничка. Кога се во прашање ”ТУЃИТЕ” мажи, не е така избирлива. Саган

– Без причина ги обвинуваме жените׃ не не разочаруваат тие, туку идеалот што за нив сме го створиле. Бучер

– Жената може да му биде пријателка на мажот, само ако постојат извесни физички спротивности. Ниче

– Жената е загонетка која повеќе не не интересира, кога ќе ја одгонетнеме. Фран. Пог

– За жената е поголемо понижување ако повеќе не ја сакаме, отколку ако никогаш не сме ја сакале. Дани

– Чесна жена е само онаа која тоа не е од страв. Овидие

– Ништо не е понеподносливо од богата жена. Јувенал

– Подобро е да седиш во ќошот на таванот, отколку со лоша жена во куќата. Лат. Пог

– Кога жена мисли, зло мисли. Публиј Сир

– Тоа што жената ќе му го каже на стравствен љубовник, треба да се запише во ветар и брза вода. Като

– Вредната жена е украс за својот маж. Лат. Пог

– Жената е војсководец и војник – умее и да заповеда и да слуша. Лат.пог

– Жена која се мажи за многумина, на многумина не им се допаѓа. Публиј Сир

– Женска работа е разбојот, а не парламентот. Менандар

Non hodie, non heri, non cras crede mulieri! – На жената не и верувај: ни вчера, ни денес, ни утре. Лат. Пог

– Ниедна жена не е долго време важна. Лат. Пог

– Основна грешка на женскиот карактер е недостатокот на чуството за правичност. Шопенхауер

– Љубената жена никогаш не старее. Горки

– Годините што жената себе си ги одзела, не се изгубени- тие се додадени на друга. Петерс

– Оној кој жената го држи за опашка и жената за збор, не држи ништо. Лат пог

– Подобро е да живееш во пустина, отколку со лоша жена. Соломон

– На три места жената се покажува како прекрасно суштество: крај колевката од детето, крај постелата од болниот и, во гробот. Горазд

– Во секој случај, почитувајте ја жената, бидејќи тоа била и вашата мајка. Горазд

– Учената жена е вистински бич за својот сопруг, за своите деца, своите пријатели, својата послуга и целиот свет. Русо

– Од пиењето страдаш еден ден, од тесните алишта година дена, а од лоша жена цел живот. Корејска поговорка

– Жената треба да му благодари на Бога, ако нејзиниот маж има грешки. Маж без грешки е опасен набљудувач. Халифакс

– Мажите секогаш сакаат да и бидат прва љубов на жената. Тоа е нивна вродена гордост. Жените се попрефинети – тие сакаат да бидат нивна последна љубов. Вилд

– Идеал за мажот е׃ искусна, невина девојка. Марко Петан

– Паметната жена гради куќа, а лудата со свои раце ја разградува изградената. Библија

– Жената е толку убава, колку што има мажи околу неа. ***

Кој може да поднесе жена, совршена во секој поглед? Јувенал

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *