МУДРОСТИ – ПЛАЧ, СОЛЗИ

– Кога ќе ти биде тешко – плачи, но нека твоите солзи не капат на земјата, можат да ја извалкаат.     Алжирска поговорка

– Ако рониш солзи затоа што не ги гледаш ѕвездите, ти ни сонцето нема да го видиш.     Тагоре

– Без причина човек може да се насмее, но не и да заплаче.     Арапска поговорка

– Плачот на наследникот е смеа под маска.    Публиј Сир

– Потполно искрени се само оние солзи, што ги проливаме над самите себе.  Шекспир

– Многу е беден оној среќник, кој никогаш не заплакал.     Алеарди

– Плачот е посладок, отколку што тоа воопшто можеме да си го замислиме.   Петрарка

– Цела ноќ плачеше за умрениот, а утрото праша: кој умрел?     Корејска поговорка

– Ништо побрзо не се исушува од женските солзи.    Џон Вебстер

– Не треба да веруваш во плачот на: старците, децата и жените.     Калдерон

– После сопствената крв, најмногу што човек може да даде е солзата.     Ла Мартин

– Да плачеме со оној што плаче, а со тие што се смеат секогаш не треба да се смееме.    Румунска поговорка

– Најголема моќ на водата е во женските солзи.     Англиска поговорка

– Плачот не е знак на слабост, а кога ќе избие тогаш е слатка слабост, слатка и убава слабост која не го понижува јакиот човек.     И.Тарнети

– Многу е подобро да плачеш од радост, отколку да се радуваш на туѓиот плач.     Шекспир

– И во плачењето има некое задоволство; со солзите болката се смирува и отклонува.     Овидие

– И солзите се корисни: со нив ќе се смекне и тоа што е најтврдо.     Овидие

– Плачењето е дарба на женската природа.     Цицерон

– Солзите понекогаш вредат колку и зборовите.     Овидие

– Лажните солзи укажуваат на измама, а не на плач.     Публиј Сир

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *