МУДРОСТИ

АЛКОХОЛИЗАМ

– Тие што немаат посебни способности, обично се фалат дека се големи пијаници.   Шандор Петефи

-Лоша е таа куќа во која успехот се прославува со чаша, а тагата се растерува со флаша.   Бугарска пог.

– Во водата е лесно да потоне, во виното уште полесно.   Латинска пог.

– Секој крчмар го сака пијаницата, но не за свој зет.   Еврејска пог.

– Навиката за конзумирање алкохол за човештвото е поголемо зло отколку војната, гладот и сите болести заедно.   Дарвин

– Во раното утро подобро е да бидеш жена на крчмарот, отколку на гостинот.  Д. Радовиќ

– Некои толку пијат за здравјето на другите, што на крајот го губат своето.  Маџарска пог.

– Прво пиеме вино, потоа виното пие вино и на крај виното не пие нас.   Еврејска пог.

– Причината за многу несреќи лежи на дното од винската чаша.   Толстој

– Да се тврди дека алкохолот и користи на генијалноста, исто е како да тврдиме дека повеќе гледа оној, кој гледа двојно.   Фоербах

– Мене не ми е потребно вино да би се одушевил.   Русо

– Кој се расправа со пијан, навредува отсутен човек.   Публиј Сир

– Од главата во која виното ќе влези, разумот ќе излези.   Талмуд

– Погледот на пијаница е најдобрата поука за трезниот.   Анахагора

– Пијанството не е ништо друго, туку доброволно лудило.   Сенека

– Тагата не се потопува во вино – во него таа побрзо ќе науши да плива.   Анте Дукиќ

– Повеќе луѓе има упропастено алкохолот, отколку меч.   Латинска пог.

– Бог ја створи само водата, човекот го направи виното.   Виктор Иго

– Тоа што е во срцето на трезниот, на јазикот е кај пијаниот.   Латинска пог.

– Мудроста со виното се поматува, бидејќи виното и мудриот ќе го побудали.   Лат. пог.

– Зошто оној што не се опива затоа што нагонски го мрази виното, оправдано го нарекуваме трезен?     Уго Фосколо

– И тоа е едно од неповолните влијанија на виноточовек пиејќи почнува да ги заменува мислите со зборови.   Самуел Џонсон

– Пијанството секогаш е грев, но може да биде и злочин.   Паоло Мантегаца

– Кој на вересија пие, двапати се опива.   Народна пог.

АГРЕСИЈА

– Агресијата насекаде во светот без сомнеж е во пораст: агресијата на родителите врз децата и на децата врз родителите; мажот према жената и жената према мажот, соседот против сосед и држави против држави – се до најопасната и по човекот и животот на земјата, можеби кобна агресија – човекот против природата.     Др.Јеротиќ

Агресивниот човек е и само агресиван. Уништувајќи ги другите, тој се уништува и себе си, а со тоа и изворот на агресија.     Др.Јеротиќ

– Агресијата што е ужасна кога ќе ја направи поединец, не се казнува кога ќе ја направи мнозинството.       Херберт Спенсер

АКТИВНОСТ

Како ќе се запознаеш себе си? Со набљудување никогаш, туку со активна работа. Обиди се да ја извршуваш својата должност, па ќе дознаеш колку вредиш.     Гете

Секоја активност, уживањето го прави целосно.       Аристотел

– Во размислувањето биди сличен на полжав, а во активностите на птица.    Јапонска пог.

Човек од акција, обземен со мисли, несреќен е додека од тие мисли не се ослободи.

– Ако упорно одиш, ќе стигнеш кај што си намислил.       Бурманска пог.

– Еден дел од луѓето работат, но не мислат; а другиот дел мисли, но не работи.  Фосколо

Надвор од акција, ние сме надвор од општеството.       Тин Ујевиќ

Во тешки моменти, спас е ништо да не се презема, да се остави се како што е.   Лат. пог.

АМБИЦИЈА

– Амбицијата, во стварност, е лакомост за моќ.       Чарлс Колтон

– На луѓето кои не се надарени, а имаат претензии, ништо друго не им останува, осван да не ги признаваат вистинските таленти.       Чехов

– Големата намера во почетокот изгледа како лудост.       Гете

– Илјада опасности го демнат оној, кој сака нешто да постигни.       Јапонска пог.

– Оној што многу им се восхитува на коњитњ и јавачите, ќе се качи, порано или покасно –   на маска.       Владимир Назор

– Човекот целиот живот го мачи гладот за признанија.       Јан Парандовски

– Амбицијата многу луѓе ги натерала да бидат неискрени.       Салустие

Како поинаку да расти стеблото, отколкуи према сонцето.       Петар Шегедин

Кога автомобилот ќе ја помини брзината од 100 км/ч, тогаш повеќе не возиш – туку гаѓаш.       Торстен Тагнер

Ништо не ја поттикнува амбицијата како трубата што ја најавува туѓата слава.   Грацијан

– Живееме со желба да се обогатиме или да стекнеме некое повисоко звање, но малку   напор вложуваме за стекнување некое поголемо знаење.       Горки

Ако амбицијата и вредноста чекорат покрај вас, ќе станете некој.       Сантајана

– Робот има само еден господар; амбициозниот човек толку, колку што можат да влијаат на неговиот успех.       Ла Бриер

Амбицијата доволно ги мачи своите следбеници, држејќи ги постојано на увид на јавноста, како улични споменици.       Др.Фулер

– Човекот се пробива додека е млад, потоа внимава младите да не се пробијат.   Канижај

– Можете да го убиете генералот на една војска, но не можете да ја убиете амбицијата во обичниот човек.       Конфучие

Болната амбиција раѓа отровни цветови.       Сергеј Лукач

АФОРИЗАМ

Мудрите изреки остануваат безвредни, додека не се применат во пракса.      Гибран

– Најголемата слабост на афоризмот е во тоа што никој не мисли дека на него се однесува.       “““

Повеќето составувачи на збирки стихови и изреки, наликуваат на луѓе кои јадат цреши – ги бираат прво најубавите, а на крајот ќе ги изедат сите.     Никола Шамфор 

– Медицината со апарат мери притисок. Државата отишла подалеку: државниот апарат може да го зголеми.       В. Булатовиќ

-Никој не е против слободата воопшто. Човекот обично е против слободата на друг човек.       В.Булатовиќ

– Колку повисоко леташ, толку изгледаш помал.       Пајовиќ

– Во пустината, можни се сите правци.       П.Ковачевиќ

– За живеење потребни се нерви. Тоа е работа како и секоја друга.       Б.Црнчевиќ

– Не ни се оди во пензија, не заради работата, туку заради другото што на работа се работи.      Радовиќ

БАКНЕЖ

– Звукот на бакнежот не е толку јак како звукот на топот, но неговиот екот многу подолго трае.       Оливер Хилмс

– Бакнежот е химна на љубовта.       Јозеф Махар

– Има работи кои можат да се кажат само при грлењето … бидејќи тоа што е најдлабоко и најчисто излегува од душата, можеби само на повик на бакнежите.       Морис Метерлинк

– Првиот бакнеж му доаѓа како некоја мала матура, после која детето преоѓа во повисоките класови, каде се учи виша математика на љубовта, со сите познати и непознати.       Б.Њушиќ

– Бакнежот е налик на солена вода. И,Колку повеќе пиеш, пијалакот се повеќе ти годи.  Рудаки 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *