ПРИСУСТВУВАЈЌИ НА СРЕДБИТЕ ВО КЛУБОТ РАЗБИРАМЕ ДЕКА . . .

Вие, кои што за прв пат доаѓате во клубот, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото семејство, кое сака да си го смени стилот на живот, кое сака повторно да ја најде насмевката и задоволството кај секого! За да се постигне ова, постојат неколку многу едноставни работи, кои треба да се направат. Работи кои сме ги заборавиле, пред да дојдеме во клубот. Пред сé, треба да знаеме како да се вклучиме во расправа со самиот себе и со другите, да зборуваме за себе, да прифатиме критика, да ги слушнеме другите. За многумина од нас сето погоре споменато е многу тешко, но ако не успееме да го направиме тоа, ќе останеме затворени во нашите чаури и… нашиот живот нема да се промени. Сето ова претставува големо почитување за приказните од животот на другите. Клубот не е суд и поради тоа добро се чувствуваме, затоа што знаеме дека нашиот пријател нема да не оптужува, а уште помалку дека ќе не осудува. Почитувањето на приказните од животот на сите, значи за се што се зборува во клубот, таму и ќе остане за сигурно. Ова нам ни овозможува да се чуствуваме слободни во тоа што го говориме, дури и кога ќе изнесеме и поинтимни работи. Особено во почетокот, некои мислат дека нивното присуство во клубот служи за некого од семејството кој што има директен проблем со алкохолот. Со тек на времето ќе разбереме дека сите во клубот сме поради нас самите, за да ги зацврстиме нашите лични промени и дека само така можеме да ги подобриме промените во нашето семејство. Во животот истите проблеми може повторно да се јават. Ќе видите семејства кои прават чекори наназад, семејства кои престануваат да доаѓаат во клубот, семејства кои имаат големи потешкотии да го пронајдат вистинскиот пат до промените. Клубот постои поради и за вакви семејства. Кога едно семејство е во потешкотии, другите семејства во клубот се обидуваат да им се најдат во близина, да ја почуствуваат нашата солидарност, посетувајќи ги, телефонирајќи им, барајќи го вистинскиот пат да ги вратат назад, во клубот. Една насмевка за нивното присуство, ќе рече дека се живи, дека постојат . . .

Во клубот знаеме дека трасиравме еден нов пат. Знаеме дека промените можат секогаш да се спроведат во дело. Клубот е единственото место каде што стручно и компентентно може да се изгради и одржи квалитетна, професионална и трајна апстиненција. Клубот е единственото место каде може да се научи и осознае дека е можен живот и без употреба… да не речеме злоупотреба на алкохол.Само во клубот и никаде на друго место се гради здрав живот, живот без зависности. Место каде ќе ја изградите и културата на говор, ако за време на зависноста од алкохол сте ја изгубиле или… воопшто сте ја немале!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *