Razno

ПОРАКА ДО МЛАДИТЕ ЛУЃЕ

Почитувани млади луѓе, внимавајте со алкохолот, бидејќи со самата помисла на алкохолот ќе напукне оклопот, што ги штити вашите доблести и низ тој отвор ќе протече танок млаз на страста кон пиењето алкохол и опивањето и ќе ја загубите неговата заштита во моментите, кога благодадта од неговата заштита ќе ви биде најпотребна.
Сите млади луѓе, денес се наоѓаат во многу голема опасност. Таа опасност доаѓа оттаму, што во тие години, кога се создаваат навиките, кои засекогаш ќе останат во нивниот карактер, младите луѓе живеат без никакви правила и не гледаат ништо друго, освен задоволување на страстите, кои од сите страни ги привлекуваат и за кои вложуваат огромна енергија, за да ги задоволат. Положбата на младите луѓе е многу опасна бидејќи, ако човекот ги постави страстите како идеал, како единствена цел во животот, како што ги поставуваат младите, кога со текот на времето страста кон алкохолот ќе стане особено силна, тогаш без исклучок и по многу познатиот и неоспорен закон, ќе дојдат дотаму што, за да го почувствуваат очекуваното задоволство, кое навикнале да го почувствуваат, ќе мораат непрекинато да ја зголемуваат дозата со алкохолот, бидејќи кога еднаш страста кон алкохолот ќе биде задоволена, вториот и третиот пат нема да го пружа тоа уживање, што навикнале да го почувствуваат и… ќе треба многу повеќе да се испие алкохол, за да се дојде до саканиот ефект. (Постои закон, по кој е познато дека уживањето се зголемува со аритметичка прогресија, додека средствата, со кои се поттикнува тоа уживање – алкохолот, мораат да се зголемат на квадрат). Тоа е така едноставен пат што по него, со ретки исклучоци, одат речиси сите млади луѓе и, ако навреме не се спречат, тогаш во иднината влегуваат помалку или повеќе осакатени или сосема пропаѓаат, како што тоа секојдневно го гледаме. Единствен начин да се спасите од таа положба е да застанете, да погледнете околу вас и да пронајдете вистински идеали, односно, што сакате да бидете во животот и да ја вложите целата енергија, за да го достигнете тоа што го сакате.
Денес често може да се слушне како младиот човек говори: не сакам да живеам по туѓата памет, сам ќе смислам и ќе го трасирам патот кон мојот живот. Што има да го измислувате веќе измисленото, да измислувате топла вода?
За жал, поголем број од младите луѓе, особено оние, кои веќе тргнале кон алкохолниот пекол, се однесуваат така, како да одат наназад кон провалија. Тие знаат дека позади нив се наоѓа провалија, во која секој момент можат да паднат, но воопшто не обраќаат внимание на неа, туку се забавуваат само со тоа што го гледаат пред нив, уживаат во ѓаволските сласти, воопшто не размислувајќи дека тоа ги води во пропаст. И никакви укажувања не можат да ги разбудат за да ја согледаат вистината, едноставно, се однесуваат како хипнотизирани, убедени во својата безгрешност, верувајќи само во теоријата која не поднесува критика.
Почитувани млади луѓе – во моите книги “Исповед на еден алкохоличар”… “Како да се победи Кралот Алкохол”… и “Победете го алкохолот – Пронајдете ја среќата” …волшебното стапче ви е дадено! Прифатете ги советите за градењето на вистинската смисла на вашиот живот и ќе научите како со него да се користите. Земете го веќе измисленото и весело чекорете кон среќен и плоден живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back To Top