Razno

КАКО ДА ГО ОТВОРИМЕ ЗАТВОРЕНИОТ УМ КАЈ АЛКОХОЛИЧАРИТЕ

Оние, кои ги слушаат моите укажувања за борбата со алкохолната болест, постои голема веројатност сето тоа да го слушаат со затворен ум… ум кој им укажува, дека никогаш не ќе бидат во состојба да го достигнат тоа што го достигнале луѓето, кои ги слушале советите од лекарите и своите терапевти. Но, како да ги отвориме нивните умови? Тоа може да се постигне единствено ако успееме да помогнеме, да станат свесни за нашиот беден живот во минатото, да станат потполно свесни за несреќите што секој алкохоличар ги има, особено за несреќите што им ги нанесува на своите најблиски, да станат свесни за нашата денешна среќа, за нашата исправност во борбата со злото, да станат свесни за тешкотиите што тие треба да ги надминат, за да постигнат успех. Потребно е да се убедат и да прифатат дека единствена причина за нивните несреќи е алкохолот.
Но, како тоа да се постигне? Треба да се користат најсилните можни зборови, за во нивните умови да се доловат слики, кои никогаш не ќе можат да ги заборават. Треба повторно да ги удри одвратниот мирис на валканите кафеани, кои некогаш беа наш втор дом, да им дозволиме да ги доживеат страдањата на нашите срца, да ги натераме да ги почувствуваат понижувањата и болката заради неуспехот, кој го имаат во борбата за подобар живот. Да ги натераме да, после првата посета на докторите во нервното одделение, заминат размислувајќи: “Ако другите луѓе, кои тропнале на вратата од болницата се во состојба тоа да го постигнат, и покрај сите тешкотии, зошто јас, на кого веќе му е трасиран патот кон среќата да се жалам на својата судбина, зошто да не пробам да го следам тој пат.” Кога алкохоличарите ќе бидат убедени во нашата борба за подобра иднина, ќе им биде полесно да ја прифатат нашата порака, како водич во менувањето на нивниот живот, бидејќи и ние, како и тие сега, сме се соочувале со истите тешкотии, но на крајот… сме излегле како победници!
Во почетокот, кога го оставив алкохолот, кога бев во друштво со моите поранешни другари по алкохолот, чувствував некоја вина во душата, се чувствував како животно, кое залутало во некоја туѓа, забранета територија, која повеќе не беше мое живеалиште, во која за мене немаше ни воздух, ни храна. Денес конечно сфатив дека сите ние, кои сме го поминале патот од пеколот и, сите оние, кои сакаат да им помагаат на алкохоличарите, дека треба да го бираме вистинскиот начин за да пристапиме, за да се доближиме до алкохоличарите, да не се правиме важни и возгордеани, туку искрено да ја покажеме нашата љубов и внимание кон нив. Тоа може да биде многу корисно и за нив и за нас, бидејќи, иако тоа сеуште не е лечење, тогаш барем ќе се обидеме да ја испитаме болеста, за што треба да бидеме благодарни, бидејќи тоа е шанса што треба да ја искористиме, барем малку да ги подобриме и нашите доблести. Ако не бидеме зашеметени од нашата возгордеаност, ако само малку подобро ги погледнеме и размислиме за несреќната судбина на алкохоличарите кои се околу нас, ќе сфатиме дека нивната судбина не може да се поправи и да им се помогне само декларативно, со донесување одлуки исполнети со празни зборови, кои не можат и не се спроведуваат во дела, дека во никаква состојба не можат да бидат среќни ако нивниот поглед на животот не се измени, особено ако ние и понатаму на нив гледаме како на некои посебни, лоши луѓе, а не како на луѓе кои се исти како и ние самите. Треба да бидеме свесни дека на такви луѓе можеме да им бидеме од корист, само ако успееме да помогнеме, тие да го изменат својот поглед кон алкохолот и кон животот воопшто. Но, за да го менуваме погледот на животот на другите луѓе, потребно е самите да имаме најдобри погледи за животот и да живееме во склад со тие погледи.
Светски познатите алкохолози докажале дека најтежок чекор во лекувањето на алкохолната болест е пристапот до алкохоличарот, односно доаѓањето во контакт со луѓето, кои на кој било начин имаат проблеми со алкохолот. Сите методи за пристап, начинот на мотивирање на алкохоличарот за започнување со лечење од алкохолната болест, ќе ги најдете во моите книги “Исповед на еден алкохоличар” … “Како да се победи Кралот Алкохол” и “Победете го алкохолот – Пронајдете ја среќата”!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back To Top