Category: Uncategorized
-
ДЕНЕС ВОСКРЕСНАВ ОД МРТВИТЕ И, ОВОЈ ДЕН ГО СЛАВАМ КАКО МОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН… ПОБЕДАТА НАД НАЈГОЛЕМИОТ НЕПРИЈАТЕЛ – АЛКОХОЛОТ
Почитувани, драги пријатели,За мене денес е посебен ден – мојот втор роденден! На денешен ден пред 22 години целосно се разбудив од заблудата, повторно се родив, воскреснав од мртвите! Триесетина години бев пијаница и… во душата носев мисла дека сум многу добар, подобар и попаметен од сите други, дека живеам убав живот во кој што…
-
КАЕЊЕ
Триесет години бев роб на ѓаволот, триесет години се измачував во алкохолниот пекол, но денес знам дека десетпати повеќе ги измачував моите најмили – сопругата и децата. Наместо да ги согледам моите грешки и да почнам да ги поправам, вината за мојата несреќна состојба ја барав во сите други, особено во оние пред кои бев…
-
ПОГЛЕД ВО ОГЛЕДАЛОТО НА ВИСТИНАТА
Потсвеста е дел од човековиот ум, кој поседува неограничени можности до кои секој апстинент има пристап и може да ги насочи, за постигнување на што поголем успех во својата апстиненција од алкохолот. Потребно е да да ја искористиме потсвеста за да изградиме самодоверба во нашите вистински вредности, со тоа што ќе го извежбаме умот да…
-
ДАЛИ МОИТЕ АКТИВНОСТИ СЕ СВЕДУВААТ САМО НА ГОЛА УТОПИЈА???
Добивам се повеќе коментари како приватни пораки, многу убави коментари кои ме подигаат во сопствените очи и ме инспирираат на уште поголема активност. Поголемиот дел од оценките се позитивни и идентични со моите ставови за борбата со последиците од алкохолот. Сепак, има и коментари каде нашите ставови за борбата со алкохолната болест, активностите што јас…
-
НА КРАЈОТ СЕ ЗАМРАЗИВ САМИОТ СЕБЕ
Мојот татко сигурно беше многу несреќен човек, но тоа не му даваше право да ги прави несреќни и безмилосно да ги казнува своите најблиски. Поради неговото однесување уште како дете го замразив и секогаш настојував да бидам што подалеку од него. Работеше како стражар и бев среќен кога не е дома, кога е на работа,…
-
ЕДНИОТПАТ – ВЕЛАМ… ДРУГИОТПАТ – ТЕПАМ
Мојот татко е посебна приказна во мојот живот. Можеби тешкотиите и лошото искуство што го имал во животот, придонеле да биде многу нервозен, но беше и лош човек, страшен кога казнува, страшен и кога наградува, па поради тоа многу се плашев од него. Неговиот збор не само што секогаш беше последен, туку беше закон за…
-
ОПШТО ПРИФАТЕНИ ПРАВИЛА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ЦВРСТА АПСТИНЕНЦИЈА
Цени го човекот кој ти укажува на твоите грешки, како да ти открил скриено богатство – цени го мудрецот кој ти ги покажува животните опасности. ДамападаЗа остварување на поставените задачи, апстинентите во Клубот на лекувани алкохоличари (КЛА) делуваат следејќи ги правилата за работа, кои се прифатени во сите клубови. Со тоа се осигурува полесна соработка…
-
ДАЈТЕ МИ СОВЕТ: КАКО ДА ГИ РАЗБУДАМ ИНСТИТУЦИИТЕ (не е страшно нешто да не знаеш… страшно е ако не сакаш да знаеш)
Пред да почнам активно да се занимавам со моите активности за помагање на луѓето полесно да го најдат патот за излез од алкохолниот пекол, полесно да ги надминат страшните последици предизвикани од алкохолот, мислев дека најголем неморал и најштетна болест е глупоста бидејќи… од лошите, злобните луѓе не штитат пријателите и државата, но никој не…
-
Hello world!
Welcome to WordPress. This is your first post. Edit or delete it, then start writing!