ПОГЛЕД ВО ОГЛЕДАЛОТО НА ВИСТИНАТА

Потсвеста е дел од човековиот ум, кој поседува неограничени можности до кои секој апстинент има пристап и може да ги насочи, за постигнување на што поголем успех во својата апстиненција од алкохолот. Потребно е да да ја искористиме потсвеста за да изградиме самодоверба во нашите вистински вредности, со тоа што ќе го извежбаме умот да ни биде од корист во нашето лекување, ќе ни даде сила и мотив да му го свртиме грбот на алкохолот, во моментите на криза или искушение.
Секое утро да застанеме пред огледало. Кога со искрени очи ќе погледнеме во човекот во огледалото, да сфатиме дека не е важно што другите велат за нас – ниту нашите мајка, татко, сестра, брат, сопруга, најмалку е важно што за нас велат нашите “божемни” пријатели – важно е што ни вели човекот во огледалото. Длабоко во душата да ја прифатиме пораката што човекот од огледалото ни ја испраќа, да ја сфатиме неговата тага заради нашата наивна, но во секој случај… огромна глупост. Да ја почувствуваме позитивната сила што зрачи од вистинското ЈАС на човекот во огледалото, сила… што ќе ни го врати мирот, среќата и радоста во нашето срце. Со радосни, позитивни мисли да го започнеме денот. Тивко, со сигурност во гласот да му се обратиме на човекот во огледалото: “Јас сум најдобриот апстинент и тоа ќе го докажам денес, утре и секогаш.” А нашите најблиски, кога ќе излегуваме од домот, нежно нека не испраќаат со зборовите: “Ти си најдобриот човек откако си апстинент и тоа денес ќе го докажеш.” Нежните зборови ќе го растопат и најзакоравеното срце, ќе ја зацвстат мислата дека покрај нас живеат луѓе кои искрено не сакаат, ќе ни ја вратат радоста и среќата, ќе помогнат да се наоружаме со позитивна енергија, што цел ден ќе биде во нашите мисли. И, така и наредниот ден и сите денови… до крајот на животот.
Почитувани пријатели, знам дека многумина се плашат да фрлат поглед во огледалото, бидејќи се плашат дека ќе се соочат со самите себе, ќе се соочат со својата глупост и своето самозалажување, на кое го градат целиот живот. Бидете храбри и извадете ја капата која ве топли, но која истовремено ви го покрива погледот и не ви дозволува да ја согледате правата вистина, за последиците од алкохолното зло!


Posted

in

by

Tags:

Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *