ДАЈТЕ МИ СОВЕТ: КАКО ДА ГИ РАЗБУДАМ ИНСТИТУЦИИТЕ (не е страшно нешто да не знаеш… страшно е ако не сакаш да знаеш)

Пред да почнам активно да се занимавам со моите активности за помагање на луѓето полесно да го најдат патот за излез од алкохолниот пекол, полесно да ги надминат страшните последици предизвикани од алкохолот, мислев дека најголем неморал и најштетна болест е глупоста бидејќи… од лошите, злобните луѓе не штитат пријателите и државата, но никој не не штити од глупаците! За нив мислев дека се најголеми непријатели, но… откако речиси на сите политичари, кои имаат каков било контакт со алкохолизмот (кои на политичките митинзи се колнат дека среќата и благосостојбата на луѓето им е најважна), им испратив доволно материјал, им укажав во кој правец треба да ги насочат нивните мисли и… со дела да помогнат (им се обратив во име на 300.000 луѓе кои секојдневно ги трпат страшните последици кои се предизвикани од алкохолното зло), сфатив и… немам никаква дилема: со нивната статичност и рамнодушното набљудување на страдањата на луѓето, дека тие нанесуваат многу поголема штета од глупаците. Мислев дека се поразумни и нема да имаат дилема дали моите предлози ќе ги спроведат во дело (им предложив да прочитаат и…ако идејата е добра, без оглед што доаѓа од поранешен пијаница, во дело нека ја спроведе паметен човек)! Но, речиси никој од нив не ги ни отвори пораките што им ги пратив!!!
Најголема причина за ова масовно лудило, што сé повеќе и повеќе го уништува животот и живеењето на луѓето е алкохолот! Како тоа да се надмине? Потребна е револуција на свеста. Треба да собереме храброст, искрено да го осудиме алкохолното зло и… гласно да кажеме – Доста е! Да се избориме за подобро утре, да им понудиме поздрава и посреќна иднина на нашите деца бидејќи… ако ги прифатиме последиците од алкохолот за нормални – сé ќе остане исто! Секогаш, кога ќе најдеме и најмало оправдување, кога ќе покажеме разбирање за катастрофалната, болна состојба предизвикана од алкохолизмот денес, ја смалуваме и загрозуваме шансата за здраво утре! Заради подобро утре, да не бегаме од така очигледна реалност, предавајќи се на мислата дека сме немоќни бидејќи сме само капка вода во океанот! Ајде да направиме таа чиста капка да се пренесе на друга капка и… да бидеме упорни додека капките не се претворат во голем бран, кој ќе зафати што поголем број на луѓе! Нашата генерација има можност да почне со промовирање на вистината за последиците предизвикани од алкохолот. Промените во нашата и во свеста на луѓето да ги започнеме сега и… веднаш!


Posted

in

by

Tags:

Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *